Децата се наше богатство и наша иднина, а кој не би посакал иднина што наликува на цветна градина полна со весели и среќни деца.




„Мајски цвет“ не е само градинка, туку е институција со долга традиција и посветеност на образованието на најмладите. Основана пред повеќе од 60 години, ние сме еден од првите избори за родители кои бараат сигурна и стимулирачка средина за своите деца. Нашиот тим е составен од професионалци со долгогодишно искуство и постојана едукација, кој се грижи за севкупниот развој на вашето дете. Програмите за рано учење и развој, заедно со професионалниот пристап и квалитетната исхрана, ја прават „Мајски цвет“ градинка на која можете да се потпрете.
Здрава и безбедна храна (HASSP – систем)
Обезбедуваме здрава и хранлива исхрана, согласно највисоките стандарди за безбедност.
Стимулативни простории
Нашите простории поттикнуваат креативност и учење во пријатна средина.
Програма за рано учење
Спроведуваме програми за рано учење, прилагодени на индивидуалните потреби на секое дете.
Искуствен и грижлив персонал
Нашиот тим е професионален и посветен на добросостојбата на вашето дете.
Работно време од 6:00-18:00
Нудиме флексибилно работно време кое одговара на зафатените родители.
Дополнителни скратени програми
Нудиме програми за ритмичко-балетански активности, спорт и учење на англиски јазик.
Пополнете ја апликацијата со точни информации за вашето дете и испратете ни ја преку нашата веб страна или на маил majskicvetskopje@gmail.com. Важно е да знаете дека поднесената апликација значи само изразување интерес за запишување, но не и конечен упис.



Во „Мајски Цвет,“ вашето дете ќе биде опкружено со љубов, грижа и професионализам. Еве зошто сме најдобриот избор:
Советувалиште „Јасмин“
Нудиме поддршка за родителите и одговори на сите прашања за детскиот развој.
Соработка со институции
Соработуваме со музеи, културни центри и еколошки организации за да создадеме богата програма.
Играта е основа
Учењето преку игра е во сржта на нашите активности, промовирајќи радосен развој.

Стручен тим
Педагог, логопед и музички педагог кои постојано се надоградуваат
Квалитетна исхрана
Обезбедуваме здрава и балансирана исхрана, со внимателно подготвени оброци од појадок до ужинка.
Модел градинка
Горди сме што сме модел за идните наши колеги, овозможувајќи им практична обука.
Згрижени деца
Години Искуство
Стручен Персонал
Локации

Официјална химна на градинката ЈУОДГ „Мајски Цвет“ Карпош - Скопје
Објект „Тафталиџе“
Објект „Тафталиџе 1“
„Тафталиџе 2“ и „Јасмин“

© 2024Artefix Agency