Logo
banner image
Предлог активности за дома

Предлог активности за дома....

Кога атмосферата во домот од било која причина (возрасните добро знаат која е таа причина) ќе почувствуваат дека е „наелектризирана“, тогаш мудро воведете ја играта „Денес е ден за...“.

Започнете со денот за смеење - смејте се за се и сешто, во домот нека биде весело и нека трае онолку колку што вас временски ви одговара.

Ден за подрипнување - одете низ домот и извршувајте ги сите обврски со подрипнување ,ако сакате може да биде и со натпреварувачки карактер кој ќе издржи подолго.

Ден за големо средување - секој член во семејството си го средува својот дел од домот (играчки, облека, прибор за цртање и сл.).

 

Ден за учење нови вештини - аде да научиме да врзуваме врвки, да научиме да мериме тежина, должина и висина, да споредуваме.

  

Ден на зачуденост - со израз на зачуденост се чудиме на се што е околу нас, на вестите што ги слушаме за новата ситуација, на погледот од прозорецот, на предметите што нè опкружуваат во просторијата, на облеката што ја носиме и комбинација на боите и слично.

Ден за раскажување - секој нека раскажува по сопствен избор (случка, приказна, цртан филм), а другите да слушаат со внимание и да не го прекинуваат тој што раскажува.

Ден за разговор за оние работи што не треба да се прават - лажење, криење, лошо однесување, некористење на благодарам и молам и сл.

Ден за здрава храна - секој да ја проба храната што не сака вообичаено да ја јаде, искористете го моментот и понудете му на детето да проба нешто од здрава храна што не сакало до тогаш да ја јаде, но и вие пробувајте храна која што до тогаш не сте сакале да ја конзумирате.

Времетрањето на активностите односно игрите го одредувате вие, содржината однапред ја обмислувате, користете го моментот кога децата сакаат нешто да ви наметнат дали е тоа игра, предлог или интерес, прифатете и искористете го. Забавувајте се и уживајте заедно во дадениот момент.

контакт

Објект „Тафталиџе“

Ул „Римска“ бр .2 б

071 341 135

Марија Пецаноски

Објект „Тафталиџе 1“

Ул „Варшавска “ бр.15

071 341 137

Андријана Стојанова

Објект „Тафталиџе 2“ и „Јасмин“

Ул „Женевска “ бр.4

071 341 138

Елизабета Ристовска

пополнете ја апликацијата

пополни апликација

Пополнете ја апликацијата со точни информации за вашето дете и испратете ни ја преку нашата веб страна или на маил majskicvetskopje@gmail.com. Важно е да знаете дека поднесената апликација значи само изразување интерес за запишување, но не и конечен упис.

cloudflowercta banner
logo

Објект „Тафталиџе“

Ул „Римска“ бр .2 б

071 341 135

Одговорно лице:

Марија Пецаноски

Објект „Тафталиџе 1“

Ул „Варшавска “ бр.15

071 341 137

Раководител:

Андријана Стојанова

„Тафталиџе 2“ и „Јасмин“

Ул „Женевска “ бр.4

071 341 138

Раководител:

Елизабета Ристовска

mascot
artefix logo

© 2024Artefix Agency