

За воспитувачки и негувателки
Прифатете го гризењето како вид на детска комуникација. Научете се да го разберете детето и помогнете му со зборови да ги изрази своите чувства. Кога тоа ќе го научи гризењето ќе престане. Научете да ги разберете децата кои гризат. Детето со гризењето изразува агресивност. Фактот што детето не е во можност да каже дека е луто, напнато или фрустрирано, тоа гризе затоа што тоа е брз и успешен начин да привлече внимание, за да се оттргне причината за неговото лутење и фрустрација. На децата им е многу битно „проблемот“ да се реши многу брзо затоа што тие сеуште не се во состојба да го одложат задоволувањето на своите потреби. Децата често гризат во неизвесни и фрустрирачки ситуации за да ја смалат внатрешната напнатост, затоа што не умеат самите да се смират.
Во случај ако некое дете гризне друго дете тогаш вработениот има должност да ги информира родителите на двете деца и да ги убеди дека во градинката се постапува стручно и совесно, за надминување на секаков новонастанат проблем.
Ако родителите се загрижени околу овој или било кој друг проблем, слободно можете да ги смирите и убедите дека децата се безбедни, а тие ќе добијат соодветен стручен совет. Во вакви ситуации најбитен е квалитетот на соработката меѓу родителите и вработените во градинката, стекнатата доверба и отворената комуникација.
СОВЕТИ ЗА РОДИТЕЛИ
Гризењето, удирањето и тегнењето за коса го претставува „лошото однесување“ кај малите деца. Кога детето така се однесува, тоа дава порака дека некои негови потреби не се адекватно задоволени.
Ако знаеме дека во тој период говорот не е доволно развиен за да може детето да каже што го мачи, тоа користи други видови на комуникација. Причините за таквиот начин на однесување можат да бидат различни. Децата од таа возраст, се во оралната фаза на развојот во која се е поврзано со устата. Затоа и експериментирањето , како една од основните развојни задачи во тој период , се појавуваат токму во делот на устата.
Децата се’ ставаат во уста, истражувајќи ја со тоа својата околина, притоа нешто од екпериментирањето ќе заврши со загризување.
КАКО ДА МУ ПОМОГНЕТЕ НА ДЕТЕТО
Примарна задача на родителот е да ја пронајде причината за гризењето. На детето му е потребна вербализација. Кога ќе ги совлада јазичките вештини, ќе може со зборови да искаже што го мачи, а тогаш гризењето како еден вид на комуникација, спонтано ќе се повлече.
Како родители бидете воедначени, мирни и доследни во своите постапки. Првично одделете ги децата, објаснете му кратко и јасно дека е неприфатливо гризењето, како облик на однесување, дека тоа боли, притоа внимавајќи на тонот и зборовите што се користат,во зависност од возраста и способноста на разбирање.
Во никој случај не се служете со казна или пак уште полошо, со гризење, за да му докажете дека боли. Потребно е да насочите кон „жртвата“ и вклучете го при помагање во тешење и галење на гризнатото дете. Само на таков начин детето ќе стане свесно дека гризењето боли.
Никако немојте да реагирате со игнорирање и вртење на главата на друга страна. Никако не барајте од детето објаснување за однесувањето, затоа што го нема, односно не го знае. Насочете се кон решавање на проблемот со учење на посакуваното однесување кое постојано ќе го надградувате.
Обидете се со предвидување на ситуации во кои гризењето би можело да се повтори и создадете услови со кои би било потешко да се повтори.
Понудувајќи им на децата доволно разноврсни активности и играчки со кои би се занимавале, во старт го избегнувате гризењето. Истото ќе го постигнете и со овозможување на доволен прооден простор за физички активности,кои им овозможуваат на децата енергетско „празнење“. Посветете му на своето дете доволно време за исполнување на неговите потреби за внимание и љубов.
Континуирано придржување кон одреден ред, доследност и намалување на неизвесни ситуации кои ја намалуваат напнатоста и нервозата, а кај детето создаваат чувство на спокој и сигурност.
Објект „Тафталиџе“
Објект „Тафталиџе 1“
Објект „Тафталиџе 2“ и „Јасмин“
Пополнете ја апликацијата со точни информации за вашето дете и испратете ни ја преку нашата веб страна или на маил majskicvetskopje@gmail.com. Важно е да знаете дека поднесената апликација значи само изразување интерес за запишување, но не и конечен упис.



Објект „Тафталиџе“
Објект „Тафталиџе 1“
„Тафталиџе 2“ и „Јасмин“

© 2024Artefix Agency