Logo
banner image
Тантрум наспроти мелтдаун

Тантрум наспроти мелтдаун

Што е тантрум?

Тантрумите се честа појава кај малите деца. Тантрумите се сметаат за нормален дел од однесувањето кај децата од 1,5 до 5 годишна возраст (пикот е од 18 до 36 месеци) кои обично се јавуваат еднаш дневно и вообичаено траат од 5 до 10 минути.

Тие најчесто се предизвикани од фрустрација затоа што:

  • детето не може или не му е дозволено да направи нешто
  • сака да избегне нешто

При појава на тантрумот, децата:

  • викаат
  • плачат
  • клоцаат со нозете

Оваа појава може да се влоши при:

  • замор
  • глад

Дури и при ограничен вокабулар, децата може да се почувствуваат фрустрирано до тој степен што може да се појави тантрум.

Ова однесување најчесто престанува откако детето ќе:

  • добие доволно внимание
  • ги задоволи своите желби

Кога детето има тантрум, родителот може да реагира на тој начин што ќе:

  • го смири отстранувајќи го од ситуацијата
  • го игнорира
  • му го даде тоа што сака

Децата знаат со кое однесување ќе го постигнат она што го сакаат. Кога вообичаените однесувања на бес ќе престанат да функционираат, тие продолжуваат со друго однесување (цртање по ѕидови, фрлање работи, повредување други деца/лица) за да предизвикаат поекстремни реакции.

Фази на тантрум

I фаза: Врескање, викање, плачење и лелекање.
II фаза: Паѓање на подот, продолжување со врескање, газење/клоцање по подот, тркалање по подот.
III фаза: Продолжување со лелекање.

Што е мелтдаун?

Мелтдаунот, иако личи на тантрум, се јавува кај деца со аутистичен спектар на нарушувања поради сензорна преоптовареност/преплавеност на сетилата.

Мелтдаунот е:

  • неволен одговор на стимул
  • нешто што децата не може да го контролираат

Може да биде предизвикан од:

  • • звуци
  • • визуелни стимулуси
  • • вкусови
  • • мириси
  • • текстури
  • • болкa
  • • страв
  • • неочекувани промени

Мелтдаунот ќе се намали полека откако ќе се отстрани сензорниот стимул.

„Борба“, „бегство“ или „замрзнување“

Кога детето доживува сензорно преоптоварување може да влезе во еден од следните режими:

Режим на борбаСтанува агресивно и луто, гази, клоца, гризе, доживува „криза“.
Режим на бегствоСе самостимулира / саморегулира, се обидува да избега од ситуацијата.
Режим на замрзнувањеИзгледа повлечено, исклучено од околината.

Мелтдаунот не треба да го сметаме за „лошо однесување“. Наградите или казните не може да ја запрат појавата.

Стратегии за смирување

Што да правите за време на тантрум?

  • Останете смирени и сталожени
  • Погрижете се за безбедноста
  • Игнорирајте ако е можно
  • Обезбедете позитивно внимание
  • Одвлекување на вниманието
  • Потврдете ги чувствата
  • Понудете избор
  • Избегнувајте принуда кога се уморни
  • Поставете граници
  • Склучете договори
  • Техника на дишење 3-4-5

Што НЕ треба да правите? (Тантрум)

  • Не барајте причина во моментот
  • Не дискутирајте
  • Не му го давајте тоа што го сака

По тантрумот

  • Утешете го детето
  • Разговор и размислување
  • Пофалете ја позитивноста
  • Спречете појава на тригери
  • Воспоставете социоемоционални вештини

Што да правите за време на мелтдаун?

  • Останете смирени
  • Минимизирајте ги стимулите
  • Погрижете се за безбедноста
  • Не го казнувајте
  • Бидете присутни ненаметливо
  • Користете кратки пораки
  • Притисок со тешко ќебе
  • Сензорни играчки
  • Антифони на звучни места

Не можете да ја контролирате појавата на мелтдаун, но можете да ја контролирате вашата реакција и да дадете поддршка.

По мелтдаунот

  • Време за одмор без дискусија
  • Разговор подоцна
  • Користење тивко катче за смирување
  • Идентификување на тригерот

контакт

Објект „Тафталиџе“

Ул „Римска“ бр .2 б

071 341 135

Марија Пецаноски

Објект „Тафталиџе 1“

Ул „Варшавска “ бр.15

071 341 137

Андријана Стојанова

Објект „Тафталиџе 2“ и „Јасмин“

Ул „Женевска “ бр.4

071 341 138

Елизабета Ристовска

пополнете ја апликацијата

пополни апликација

Пополнете ја апликацијата со точни информации за вашето дете и испратете ни ја преку нашата веб страна или на маил majskicvetskopje@gmail.com. Важно е да знаете дека поднесената апликација значи само изразување интерес за запишување, но не и конечен упис.

cloudflowercta banner
logo

Објект „Тафталиџе“

Ул „Римска“ бр .2 б

071 341 135

Одговорно лице:

Марија Пецаноски

Објект „Тафталиџе 1“

Ул „Варшавска “ бр.15

071 341 137

Раководител:

Андријана Стојанова

„Тафталиџе 2“ и „Јасмин“

Ул „Женевска “ бр.4

071 341 138

Раководител:

Елизабета Ристовска

mascot
artefix logo

© 2024Artefix Agency