

- На многумина им претставува вистински предизвик да одговорат на прашањето: Колку време треба децата да поминат пред екран(тв, компјутер, таблет, мобилен...)?
- Четири едноставни чекори во создавањето правила при користењето на технологијата
1. ПРОНАЈДЕТЕ РАМНОТЕЖА
Наместо временски да го определувате дневното количество време што децата ќе го поминат пред некаков екран, одредете некаква рамнотежа. Заедно со децата планирајте активности вклучувајќи ги во домашните работи, едукативни игри, цртани филмови... Заеднички решете за ограничувањата и однесувањата донесувајќи заеднички правила.
2. ПРАВИЛАТА ВАЖАТ ЗА СИТЕ
Оставете ги и немојте да ги користите своите уреди во текот на денот, особено кога сте во автомобил, на заедничко дружење, семеен ручек или семејни разговори. Децата учат од вас и создаваат навики гледајќи ве вас.
3. РАЗГОВАРАЈТЕ
Поставувајте прашања за омилените игри, емисии и ликови што ги сакаат децата. Разговарајте за нешта што сте ги осознале низ заедничко гледање тв или читање. Ова е одлична можност за поврзување, учење и споделување на вашите вредности.
4. СЛОБОДНА ЗОНА
Создадете зона без технологија. Создадете правила што одговараат на вашето семејство. На пр., без мобилни во текот на оброците, без мобилни додека трае играта, нема заспивање со мобилен.
ЗА РОДИТЕЛИТЕ
1. БИДЕТЕ ПРИМЕР
Кога се децата во близина, со пример покажете им како се користат разните технологии. Не користете го мобилниот за време на оброците, исклучете го телевизорот кога не го гледате, снимете ги програмите што сакате да ги гледате.
2. ДОБРИ НАВИКИ
Со добрите навики се започнува рано. Тајната на правилното користење на технологиите се состои во почитувањето на правилата. Додека се мали децата, почнете со ограничувања во временското користење на одредни апарати. ПРИМЕНЕТЕ!
3. ЗАЕДНИЧКО ВРЕМЕ
Заедно користете одредени медиуми. Секогаш кога можете, играјте, гледајте и слушајте заедно со децата. Искажете го своето мислење и создавајте ги вредностите со децата додека растат (со постарите деца може да се подели ФБ или Инстаграм).
4. ИСКЛУЧЕНИ МОБИЛНИ
Исклучете ги своите мобилни за да не ви пречат во семејното време, дружењето или во важни разговори.
5. РАБОТАТА НАДВОР ОД ДОМОТ
Многу родители сметаат дека е неопходно да бидат постојано професионално достапни. Тоа е стресно. Поставете граници и одвојте ги семејното и професионалното време.
*Истражувањата покажуваат дека користењето компјутери, мобилни итн. до петтата година од животот прави многу повеќе штета отколку корист.
*Основниот проблем не е во тоа што прават децата, туку во тоа што не го прават. Додека детето гледа во екранот, не зборува, туку молчи, мозокот воопшто не е вклучен во активности што го предизвикуваат говорот.
*Додека детето гледа во екранот, не се дружи, не воспоставува контакт со други личности, не развива социјални вештини.
*Природниот развој на детето не е да седи и да гледа пред екранот. Природниот развој што ги вклучува сите развојни капацитети на детето вклучува: зборување, движење, истражување, допирање, гледање, следење, слушање.
*ПОТТИКНУВАЈТЕ ГИ ДЕЦАТА НА ИГРА, ПРОШЕТКИ, ДРУЖЕЊЕ СО ДРУГИ ДЕЦА, ИГРАЊЕ СОЦИЈАЛНИ ИГРИ СО ВАС. На тој начин создавате предуслови за развој на здрави, способни и креативни личности.
АКО НЕ СЛУШАТЕ ВНИМАТИЛНО ЗА МАЛИТЕ, НЕВАЖНИ РАБОТИ ЗА КОИ ВИ РАСКАЖУВААТ ДОДЕКА СЕ МАЛИ, НЕМА ДА ВИ РАСКАЖУВААТ НИТУ ЗА ГОЛЕМИТЕ И ВАЖНИ РАБОТИ КОГА ЌЕ ПОРАСНАТ!
Објект „Тафталиџе“
Објект „Тафталиџе 1“
Објект „Тафталиџе 2“ и „Јасмин“
Пополнете ја апликацијата со точни информации за вашето дете и испратете ни ја преку нашата веб страна или на маил majskicvetskopje@gmail.com. Важно е да знаете дека поднесената апликација значи само изразување интерес за запишување, но не и конечен упис.



Објект „Тафталиџе“
Објект „Тафталиџе 1“
„Тафталиџе 2“ и „Јасмин“

© 2024Artefix Agency