Logo
banner image
СОВЕТИ ЗА РАЗВОЈ НА САМОДОВЕРБАТА КАЈ ДЕЦАТА

СОВЕТИ ЗА РАЗВОЈ НА САМОДОВЕРБАТА КАЈ ДЕЦАТА

Како вашето дете регира кога му задавате некоја задача или обврска? Дали веднаш тргнува во акција или веднаш избегнува без претходен обид да ја исполни?

Ако се откаже при првата препрека , тоа обично укажува на страв од неуспех, што произлегува од несигурноста и нискиот степен на самодоверба. Дали вашето дете лесно воспоставува контакт со другите деца или избегнува да се дружи? Срамежливоста може да биде знак дека тоа е загрижено што ќе речат другите, а тоа е од недостаток на самодоверба.

Научните сознанија укажуваат дека самодовербата не е вродена и дека кај децата се развива под влијание на животното искуство и реакцијата на околината за неговото однесување. Што е самодоверба ?

Самодовербата претставува позитивна или негативна слика за себе. Таа е начин на кој го вреднуваме она што го правиме, она што сме и резултатите што ги постигнуваме. За да се постигне поголема самодоверба во развојот на децата поедини реакции на околината имаат големо влијание.

Како родителите можат да помогнат?

Родителите се најважните личности во најраното детство и затоа тие ја имаат клучната улога во развивањето на самодовербата кај своите деца. Правилото кое секогаш важи е дека позитивните информаци примени од блиската околина на детето ја зголемуваат неговата самодоверба, додека пак негативните ја намалуваат.

Ќе споделиме неколку корисни совети кои моќат да им бидат од корист на децата да им ја зголемат самодовербата.

-Вклучете го детето во активности за кои има талент или способност. Ако сметате дека имаат добра координација на движењата запишете го на спорт, акоубаво црта вклучете го во креативните работилници, ако сака музика во музичко училиште. Сето ова е битно за правилен развој на детето, затоа што вклучувањето на детето во некоја активност за кој има талент го поттикнува да ги препознава своите позитивни аспекти и напори. Потребно е да биде пофалувано и поттикнувано во активностите, посебно при постигнување на успеси.

-Поттикнувајте го детето отворено да зборува за своите чувства. Внимателно сослушајте го, покажете му дека сте го слушнале и дека ги прифаќате неговите чувства. Ваквиот однос е многу значаен затоа што им помага на децата да го препознаат и да се справат со своите емоции.

-Имајте на ум дека честото укажување на грешките може да го обесхрабри вашето дете. Конструктивно критикувајте го и бидете специфични во тоа. Критиката треба да е насочена кон однесувањето, а не на личноста на детето. На пример: треба да се каже „Не е во ред да ја удриш сестра ти ако не ти дава играчка“, наместо „непослушен/ на си“.

-Верувајте во вашето дете и подржувајте го. Порачајте му на детето дека е добро да се цени себе си, да си ги задоволува своите потреби и да чувствува задоволство за успесите. Наградувајте го детето кога ќе ја постигне целта.

-Учете го вашето дете смо да си поставува цел и да ја остварува . На секое дете му се потребни доследност , почитување на правила и контрола. Но , најмногу од се му е потребен простор за да може да научи да управува со својот живот. Немојте да решавате во негово име. Дајте му одговорност, независност и слобода адекватно прилагодена на возраста и изборот што го прави. Вклучете го детето во решавање на проблемите и донесувањето на одлуките за работите кои се однесуваат на неговиот живот.

-Покажете му на своето дете дека го прифаќате онакво какво е. Однесувајте се кон него со почит. Сите ние имаме позитивни и негативни страни. Негувајте ги оние позитивните. Не ја пропуштајте можноста да му кажете што ви се допаѓа кај него, што добро направило и за што треба да биде подобар, бидете искрени. Никогаш не ја пропуштајте ја можноста да му кажете дека го сакате.

-Пофалете го детето. Кога го фалите бидете специфични и бидете искрени. Избегнувајте ги речениците кои почнуваат со:„Ти никогаш...“ или „Ти секогаш“ ..., а користете ги поттикнувачките „Ти можеш да го направиш тоа“ или „Знам дека ќе го направиш тоа најдобро што можеш“ и сл. Ако детето завршило успешно некоја задача или обврска, пофалете го. Така кај него ќе поттикнете интерес за активности кои му причинуваат задоволство и кои може самостојно да ги извршува.

Многу е битно, драги родители, на своето дете да му бидете добар пример-да имате добро мислење за себе . Исто така битно е да знаете дека секое дете е единствено со свој потенцијал и квалитет со можност за усовршување ,но само ако се чувствува прифатено и сакано такво какво што е.

контакт

Објект „Тафталиџе“

Ул „Римска“ бр .2 б

071 341 135

Марија Пецаноски

Објект „Тафталиџе 1“

Ул „Варшавска “ бр.15

071 341 137

Андријана Стојанова

Објект „Тафталиџе 2“ и „Јасмин“

Ул „Женевска “ бр.4

071 341 138

Елизабета Ристовска

пополнете ја апликацијата

пополни апликација

Пополнете ја апликацијата со точни информации за вашето дете и испратете ни ја преку нашата веб страна или на маил majskicvetskopje@gmail.com. Важно е да знаете дека поднесената апликација значи само изразување интерес за запишување, но не и конечен упис.

cloudflowercta banner
logo

Објект „Тафталиџе“

Ул „Римска“ бр .2 б

071 341 135

Одговорно лице:

Марија Пецаноски

Објект „Тафталиџе 1“

Ул „Варшавска “ бр.15

071 341 137

Раководител:

Андријана Стојанова

„Тафталиџе 2“ и „Јасмин“

Ул „Женевска “ бр.4

071 341 138

Раководител:

Елизабета Ристовска

mascot
artefix logo

© 2024Artefix Agency